Судот го прифати обвинението против градоначалникот на Чашка

Објавено на 22 февруари, 2016 во 15:06

По барање на Јавното обвинителство, велешкиот суд покрена судска постапка против градоиначалникот на општина Чашка, Горанчо Пановски за злоупотреба на службена положба и овластување. Првото рочиште е закаѓано за 25 март годинава. На градоначалникот ќе му се суди за незаконско присвојување на Планинарскиот дом „Чеплес“, за што пред една година и три месеци доби кривична пријава.

Имено, тој во 2011 година во својство на градоначалник и овластено лице на општина Чашка, поднел барање за легализација на диво изграден објект, иако знаел дека барање за утврдување правен статус на таков објект може да поднесе само имателот на објектот. Пановски ниту бил имател ниту корисник на домот. Но со изјава на нотар дека објектот е изграден пред да стапи на сила Законот за бесправно изграден објект, тој успеал да го легализира, да го впише во катастар и да го присвои. Со ваквата постапка, на планинарското друштво „Солунска глава“ кое дотогаш стопанисувало со домот, Пановски му нанел штета во висина од околу 66 илјади евра./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.