Скршена штотуку наместената лулашка во Младински парк

Објавено на 24 февруари, 2016 во 14:11

Не измина ниту еден месец откако се постави, лулашката за деца со посебни потреби во Младински парк, е демолирана. Утрово забележавме дека горниот дел од челичната конструкција што ја држи лулашката е скршена и таа повеќе не е за употреба. Несовесни граѓани, за жал по кој знае кој пат ја уништуваат новата урбана опрема наменета првенствено за оваа категорија на граѓани а потоа и за сите останати.

Не помогнаа ниту апелите на Здружението за лица со церебрална парализа кое замоли да се воздржат од вандализам врз лулашката и летниковецот, што се поставија за оваа ранлива категорија на граѓани.

Од општина Велес информираат дека ја увиделе состојбата на терен и дека што поскоро ќе се интервенира да се санира штетата, па лулашката повторно да се стави во функција.

Инаку општината се огласи со соопштение со кое ги повика граѓаните на воздржување од какво било уништување на урбаната опрема. Повод за тоа беше уништената опрема во паркот пред основното училиште „Васил Главинов“./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.