Конзумираат ли македонците здрава храна!?
Македонските граѓани конзумираат релативно здрава храна бидејќи почвата се уште не е толку загадена како во други земји. Но проблем претставува увезената храна за која нема гаранција дека е квалитетна. Иако храната се контролира од аспект на хемиска, биолошка и физичка безбедност, сепак Генетски модифицираната храна се уште никој не ја контролира. Ова го покажуваат податоците од истражуавњето на стручните лица од технолошко-техничкиот факултет во Велес.
На денешната презентација за здрава храна и исхрана пред велешките средношколци објаснија дека прехрамбените индустрии во земјава имплементираат европски стандарди за производство на квалитетна храна. Некои од нив дури воведуваат и пилот проекти со кои се произведуваат нови квалитетни производи.
„Имаме остварено соработка со над 50 институции во земјава. Во дел од тие институции имаме имплементирано стандарди за квалитетна храна ИСО и ХАСАП во некои од нив имаме направено и пилот проекти со кој што се произведени нови типови на производи. Се надевам дека нашите идеи барем дел од тие сопственици би ги инвестирале прво како пилот проекти. Но секогаш се проблем финансиите. Меѓутоа сега имаме понуди од ЕУ за различни проекти кои сега можат да се искористст, рече деканот на технолошко-технички факултет проф. др. Валентина Павлова.
Средношколците денеска слушнаа за новите стандарди за здрава и безбедна храна и за нутритивните карактеристики на прехрамбените производи. Тие се запознаа со огромното значењето на безглутенската храна, особено за луѓето кои имаат здравствени проблеми и страдаат од болеста целијакија, односно пропуштање на храната низ цревата.
Денешната презентација се одржа во соработка со технолошко-техничкиот факултет и Центарот за развој на Вардарски плански регион./Д.С