Кога врне дожд во Велес е потребна умешност да се премине улица
Објавено на 23 март, 2016 во 15:14
Заврна и дождот повторно создаде проблеми со преминувањето на улиците во Велес. Водата во голема количина се слеа од ридовите во централното градско подрачје. По улицата „8 Септември“ и „Страшо Пинџур“ безбедни беа само возачите на автомобили. Сите останати граѓани беа ставени на маки како да преминат и да останат не наводенети.
И денеска додека минуваа од едната на другата страна на главните улици велешани мораа да бидат вистински уметници за да не ги наводенат обувките. Помали грижи имаа оние граѓани кои на нозете носеа чизми. На вистинска мака беа ставени граѓаните облечени во патики или чевли.
Велес нема атмосверска канализација затоа при секој дожд сликата на градските улици е иста./У.Ј