Доживотен затвор за трикратниот убиец од Кавадарци Тони Станоев
Објавено на 1 април, 2016 во 12:39
Ваква одлука донесе Апелацискиот суд во Скопје откако ја прифати жалбата на велешкото јавно обвинителство. На осудениот Тони Станоев во првостепената пресуда на Основен суд во Велес му изрече казна затвор во времетраење од 40 години.
По одлуката на Апелација за доживотен затвор, оштетеното семејство е задоволно бидејќи според нив само вака им се враќа довербата во правниот систем.
Трикратното убиство во Кавадарци Станоев го изврши на 9 ноември 2014 година. Тој со пиштол, за кој поседува дозвола , смртно ги застрела родителите и сестрата на неговата сопруга во нивниот дом.
Вештачењето во текот на судскиот процес покажа дека Станоев бил во пресметлива состојба додека го извршил убиството. /У.Ј