Само со гребаници и набиеници се здоби повредениот тракторист во несреќата
Објавено на 4 април, 2016 во 10:29
Земјоделецот од велешкото село Мамутчево што вчера се повреди при превртување на тракторот што го управувал се здобил со набиеници и гребаници, информираат од СВР Велес.
Повредениот тракторист е задржан на лекување во велешката болница откако вчера итно бил префрлен по несреќата. Несреќата се случила попладнето околу 17.25 часот во атарот на селото, кога тракторот што го управувал земјоделецот, вршејќи земјоделски работи, се превртел и го нагмечил. За среќа тој поминал со полесни телесни повреди./Д.С