Велешката опозиција обвини за незаконски спроведена екскурзија во Гимназијата „Кочо Рацин“
Само по два дена откако велешката Гимназија ја избрала фирмата „Црво експре“с од Штип, учениците од трета година тргнале на ексурзија. Опозицијата обвини дека не биле испочитувани законските рокови за жалба на останатите фирми што се јавиле на тендерот. Автопревозникот бил избран на повторена постапка, откако првата што ја спровела комисијата за јавни набавки била поништеана, поради жалби на останатите фирми понудувачи што се огласиле на јавната набавка и неправилности во постапката. Спореде СДСМ со ваквиот начин на избор на најповолен понудувач за изведување на ученичката ексурзија е прершен законот, според кој неизбраните фирми кандидати имаат право на жалба во рок од 8 дена и тоа преку училиштето до градоначалникот на општина Велес.
Опозицијата обвинува дека екскурзијата е реализирана без склучен договор со избраната фирма и според незје тоа претставува злоупотреба на службената положба и овластување од страна на директорот на Гимназијата. На ваквата одлука на менџментот на училиштето реагирале и родителите на учениците, велат од СДСМ.
„И покрај бурните реакции на родителите дрскоста и безобразието на директорот отишле до таму што не сакал да ги прими и сослуша родителите кои имаат право на транспарентна постапка и кои лично од свои средства ја плаќаат екскурзијата . На самоволието и деспотското однесување на директорот Саше Андреевски му нема крај. За него не важат ниту закони ниту морални норми“, рече Весна Стојанова Богоевска, О.О. на СДСМ Велес.
Опозицијата го повика градоначалникот Чадиев, како најодговорен за законитоста во работењето на Гимназијата, да го разреши Андреевски од функцијата директор на училиштето. Во спротивно велат од таму, ќе биде сооучесник во злоупотребите и криминалот.
На повикот на опозицијата веднаш реагираше градоначалникот Чадиев. Тој рече дека уште вчера во Гимназијата бил испратен просветниот инспектор на вонреден инспекциски надзор.
„Ова е втора постапка за избор на фирма за изведување на екскурзија на учениците од трета година во Гимназијата. До нас се уште нема стигнато каква било жалба и се до оној момент кога ќе пристигне каква било жалба ќе постапиме според неа. Ние уште вчера го испративме инспекторот на увид и ги чекаме неговите записници. За неколку дена ќе имаме информации за постапката , но во секој случај ќе постапиме според Законот“, рече Чадиев.
Опозицијата го повика и општинскиот просветен инспектор да превземе мерки и јавноста да ја извести за тоа што се случувало со екскурзијата во Гимназијата. СДСМ побара и јавното обвинителство да постапи според законот и по допрен глас и да поведе кривична постапка против директорот на Гимназијата. Ако институциите не се огласат на повиците, кривична постапка против директорот ќе поднела опозицијата во Велес./Д.С