ГДОМ: По стапките на Гемиџиите во одбрана на Македонија од злосторниците
И вечерва приврзаниците на Граѓанското движење за одбрана на Македонија се собраа во центарот на Велес. Говорот на велешанецот Трпе Туфекџиев беше во насока на денешното одбележување на 113 годишнината од саможртвата на солунските атентатори. Тој рече дека со актите и дејствијата на Гемиџиите, светот дознал за маките на македонскиот народ. Говорејќи за политичката криза во земјава, Туфекџиев истакна дека таа мора да заврши со изборите на 5 јуни.
„Денес меѓу другите работи сме тука да одбележиме 113 години од цената на познатите Гемиџии кои оставија еден добар впечаток и придонес во македонската историја . Сето тоа било добро испланирано се со цел да се покаже каков народ е македонскиот народ и каков впечаток треба да оставиме меѓу другите народи. Тоа што тие го замислија го исполнија во целост, односно со нивните акти и дејства се дојде до сознание за потребите и маките што ги имаат македонските граѓани“, рече Туфекџиев.
Спортистот Љубомир Спасиќ пак истакна дека македонскиот народ не смее да дозволи некој да му ја уништува државата, туку да се одбрани од злосторниците кои сакаат да ја распарчат државата./Д.С