Дваесетти ден „Шарената револуција низ улиците на Велес
Од името на слободата, правдата и демократијата, Шарената револуција дваесетти ден маршира низ улиците на Велес. Велешани неуморно протестираат и не отстаопуваат од своите барања и не прифаќаат селективна аболиција, туку секој што направил криминал да одговара пред лицето на правдата.
„И денес имавме едно спектакуларно обраќање на нашиот легитимен или нелегитимен претседател. Тој денеска на неговото обраќање од вилата на Водно ни кажа дека делумно ја повлекува аболицијата за дваесет и двајца како што рече експонирани политички личности. На бандата криминална се уште не им е јассно кои се нашите барања и дека селективната правда не е правда. Тој исто така ја докажа својата заблуда и изолираност од целиот свет и покажа дека тие сепак живеат во некој нивни свет, тоа се луѓе кои испаднале од реалниот свет и ним им треба психијатар, рече Александар Стојковски.
„Секој ден Шарената револуција добива се поголема поддршка во најразлична форма и не само во Македонија туку таа се шири низ градовите во Европа, низ градовите во Австралија и Америка. Оваа борба мора да ја добиеме, оваа борба е против ненародната власт која што десет години го граба овој народ“, рече Иван Ивановски.
Наредниот протест на „Протестирам“ и „Шарената револуција“ ќе се одржи во понеделник кога демонстрантите повторно по дваесети први пат ќе протестираат низ велешките улици./Д.С