СДСМ Велес со писмена реакција на пресот на градоначалникот Чадиев
Велешката опозиција со реакција на вчерашната прес конференција на градоначалникот Славчо Чадиев кој беше повикан да одговори зошто реализацијата на општинскиот буџет за првите три месеци од годинава е на најниско ниво и зошто општината има долг од над 62 милиони денари. Во писмената реакција на СДСМ се вели дека власта ја избегнува темата и наместо да одговори на конкретните прашања ја споредува општината со други општини во државата.
„Вие не им одговоривте на граѓаните зошто капиталните приходи се на рекордно најниско ниво, вие не одговоривте зошто доспеаните обврски со рок на плаќање од 60 дена се на рекордно највисоко ниво, вие не одговоривте зошто е толку слаба реализацијата на буџетот, кој Вие го предложивте, а советниците на ВМРО ДПМНЕ го изгласаа“, стои во писмената реакција.
Од СДСМ им порачаа да ја преземат одговорноста за буџетот и наместо кај сите други вината да ја бараат во себе./Д.С