Сеуште се узурпира дел од улицата „Никола Оровчанец“ во ценатрот на Велес
Ни по два месеци од истекот на решението, со кое општина Велес дозволи двогодишно поставување, не се отстранети железните шипки од пред зградата на улица „Никола Оровчанец“. По трет пат од општина Велес одговараат со една реченица: „Се води инспекциска постапка согласно законот“. На ова пак реагираат најпогодените граѓани кои живеат во куќите од спротивната страна на улицата затоа што од паркираните возила тие неможат да ги користат нивните влезови во куќите и гаражите додека останатите граѓани не можат да влегуваат преку единствениот сообраќаен влез во населбата „Дворови“.
Ним воопшто не им е јасно зошто локалната власт повторно вели дека инспекцијата работела кога на терен нема решение и полза од поставениот знак за забрана за паркирање на тој дел од улицата „Никола Оровчанец“ и сосема не се отстранети металните пе столбчиња. А токму така одговорија од општина Велес на новинарско прашање зошто по два месеци сеуште не се целосно отстранети железните шипки кои останаа од металните пе столбчиња, покрај самата зграда. Ни овојпат општината не кажа кој ги поставил, каква е инспекциската постапка за нивно отстранување , кој е крајниот рок и колкав временски период и е потребен на инспекцијата за да ги натера да ги отстранат железата тие што ги поставиле. Ако претходно локалната власт велеше дека доколку не се почитуваат законите и нејзините издадени решенија тогаш ќе биде ангажирана фирма за отстранување на железата чија услуга ќе ја платат поставувачите сега тоа ни се споменува ниту се коментира.
А тоа што железните шипки сеуште стојат зацементирани во бехатон плочките од источната страна на зградата и со нив се обележува просторот што служи како тротоар до самата зграда единствено им одговара на сопствениците на деловниот простор, во приземјето на зградата. Така тие си ги штитат излозите од автомобилите кои таму возачите непрописно ги паркираат . Но, ако тие и станарите во зградата најдоа решение како да се спасат од возачите и автомобилите до решение на своите маки и проблеми не можат да стигнат граѓаните што живеат во куќите од спротивната страна на улицата и низ улиците во целата населба „Дворови“.
Металните шила со кои се оградува тротоарот пред зградата ја намалуваат улицата во ширина. Паркираните возила дополнително ја стеснуваат и тоа од двете страни па така е невозможно да се влезе во населбата со поголем автомобил, џип или камион. Проблеми за влез и излез имаат и возилата на Брза помош и на Пожарна потоа дистрибутерите на производите на еден клон од детската градинка „Димче Мирчев“, на нижото музичко училиште, на средното економско училиште „Јовче Тесличков“ како и на сите граѓани во над триста куќи и во две згради што живеат во овој дел на центарот на градот./У.Ј