„Доста е Никола“ му порача Шарената револуција од Велес
Дваесет и петти ден Шарената револуција маршира низ улиците на Велес. Пред велешани вечерва храбро и одважно говореа две жени , мајки и баби, кои ги потсетија зошто се на улиците низ државата. Велешанката Лидија Пренџова не говореше за политичките причини поради кои државата е доведена до криза, таа своите сограѓани ги потсети за економските импликации врз нивниот живот. Според неа партијата на власт ги довела граѓаните на питачки стап.
„Јасно им е на сите и тука и од надвор дека имаме работа со обучени манипулатори, лаѓговци измамници и арамии. Се повеќе луѓе се прашуваат колку ли треба да го мразиш сопствениот народ за да му направиш вакво зло. Да демонтираме дел од нивните лаги. најголемата лага со која дојдоа на власт во 1998 година беше за приватизацијата на претпријатијата со општтествен капитал со која наметнаа теза дека Бранко и СДСМ ги приватизирале сите фирми, ш-то е ноторна лага. Самите знаат дека законот го донесе експертската влада на Никола Кљусев“, рече Лидија Пренџова.
„Ние имаме киднапирана држава од неколку луѓе криминалци здружени во злосторничко здружување кои ги интересира само пари и ништо друго и затоа се служат со уцени, закани, заплашувања на сопствениот народ. Напразно се надеваш Груевски дека ќе се спасиш од одговорноста но не Никола, правдата ќе се врати и одговорност ќе има. Нема да има уште едни криминални избори, аболицијата е целосно уништена, правда ќе има“, рече Лена Гаданец.
Пред велешани се обрати и Диме Велковски од Скопје.
„Горд сум што сите овде вечерва протестираме против ненародна власт и сакам сите заедно одовде да им порачаме „Доста е, одете си, оставете ја државата на мир. Нема ништо поисконско и похрабро од тоа да си ја сакаш својата држава, затоа сакам да ви честитам на Вашата храброст што протестиратте за правда и за слобода“, рече Велковски.
Следниот протест на Шарената револуција во Велес е закажан за во понеделник од истото место и во исто време./Д.С