Енергетска ефикасност во сите шест клона на детската градинка „Димче Мирчев“ во Велес
Со термоизолациони фасади, до први септември, ќе бидат направени сите шест клона од детската градинка Димче Мирчев во Велес. Моментално ваква фасада се поставува во објектот на градинката во близина на основното училиште Св. Кирил и Методиј. Поставувањето на изолацијата во градинките е дел од проектот на ЕУ „Енерџи нет“ со кој беа опфатени само петте клона. Шестиот клон ќе се реновира со пари од буџетот на општина Велес. За енергетската ефикасност на деттската градинка Димче Мирчев, од проектот ќе се потрошат над 86 илјади евра.
„За два и пол месеци очекуваме сите објекти да бидат направени со термоизолациона фасада, за да можат децата од први септември да влезат во реновирани објекти. Ние во моментов работиме на еден таков проект иако рокот беше продолжен во завршна фаза е во средното Коле Неделковски. Остана уште предната страна на објектот и комплетно ќе биде поставена термоизолационата фасад. Во Гимназијата тоа е веќе завршено остана само уште еден дел, но ние сакаме да ги санираме оние училници во основното Блаже Конески кои што се најзгора и се најладни. Таму ќе ги симнеме таваните и ќе поставиме нова дограма“, рече градоначалникот на Велес Славчо Чадиев.
Енергетската ефикасност е од големо значење за детската градинка „Димче Мирчев“. Во клоновите полека се менуваат светилките со штедливи и речиси во сите објекти сттарата дограма е заменета со нова.
„Ни остануваат таваните и подовите кога станува збор за енергетската ефикасност но и за тоа ќе превземеме мерки да го средиме. Инаку термоизолационите фасади ќе значат заштеда на средства кои ќе ги пренамениме за други пополезни работи“, рече директорката на градинката Анида Цецева.
Моментално во шестте клона на градинката Димче Мирчев се згрижени 1200 деца. За прв пат годинава на листа за чекање се уште 150 деца. Токму затоа надлежните ќе прават анализа и ќе утврдуваат во кој дел од градот има потреба да се направи доградба или да се изгради нов објект.
Денеска децата од градинката на мошне сликовит начин во Младинскиот парк покажаа дека знаат колку значи енергетската ефикасност во нивниот втор дом.?Д.С