Еден потешко повреден во сообраќајка на патот кон велешко „Младост“
Едно лице има сериозни повреди и веднаш ќе биде транспортирано од велешката болница во Ургентниот центар во Скопје додека уште над осуммина во моментов се интервенира на хирушкото одделение во болницата во Велес. Сите тие се повредени во сообраќајната несреќа што пред два часа се случи на локалниот пат од Велес кон езеро „Младост“.
Во несреќата учествувале две патнички возила, бмв со велешки регистерски таблички и мерцедес со скопска регистрација. На местотото на несреќата увид изврши полициска екипа и јавен обвинител.
Според првичните информации на СВР Велес до несреќата дошло кога едно од возилата од засега неутврдени причини преминало на спротивната коловозна лента на патот. На местото на несреќата интервенираше и возило на пожарната поради тоа што едно од двете возила во несреќата имало вграден плински уред.
Засега сообраќајот на патот кон „Младост“ од страната на Велес се одвива по една коловозна лента. Нема застои затоа што полицијата наизменично ги пропушта возилата кон езерото и во спротивна насока.
Убавка Јаневска