Велешките социјалдемократи обвинуваат дека во Јавното претпријатие македонски шуми во Велес нема дрва
Граѓаните на Велес се соочуваат со проблеми при набавката на огревни дрва од Јавното претпријатие Македонски шуми, подружница Велес. Иако имаат склучено договори со претпријатието и уплатено за дрвата, тие се уплашени дека нема подготвени да ја пречекаат престојната зима. Со вакви реакции излезе денеска на прес конференција опозицијата во Велес. Според нив граѓаните се во неизвезност бидејќи во складот на јавното претпријатие нема дрва, ниту пак има најави дека ќе има.
„Надлежните да одговорат, зошто со воз се изнесуваат дрва надвор од Велес, кога за граѓаните нема доволно. Заради криминалните и погрешни политики на власта предводена од ВМРО ДПМНЕ , којашто се грижи исклучиво за свои лични интереси, граѓаните се принудени да се снабдуваат со дрва,за кои што ќе платат многу повисока цена од реалната. И наместо за 2.400 денари тие се принудени да купуваат од приватни складови , по цена , почнувајќи од 3.100 денари за метар кубен“, рече секретарот на ОО на СДСМ велес, Марјанчо Јорданов.
Велешката опозиција обвинува дека на овој начин лица блиски до власта профитираат од ваквото однесевање на јавното претпријатие а цената за тоа ја плаѓаат граѓаните.
Даниела Саздова