Светиниколчанка загина синоќа на патот Велес-Штип
Шеесет и седум годишната В.Н од Свети Николе почина, додека триесет и осум годишните Н.М. и Е.Н. исто така од Свети Николе и триесет и три годишниот К.Ѓ од Радовиш се тешко повредени во собраќајната несреќа што се случи вчеравечер на магистралниот пат Велес-Штип, во близина на Градскта депонија. Повредените се префрлени во велешката болница, а еден од нив поради тежината на повредите е префрлен во хируршките клиники во Скопје.
„Вчера после 22 часот донесени се четворица пациенти настрадани во тешка собраќајна несреќа. За жал една жена е донесена почината. Триесет и осум годишна пациентка е со повреди на стомакот и таа е оперирана и сега е во стабилна состојба. Триесет и осум годишниот маж беше донесен со повреди на лицето, главата и градниот кош и поради тежината на повредите е препратен во Скопје. Третиот пациент, триесет и три годишен е со повреди на лицето и набиеници на градниот кош и е надвор од животна опасност“, рече д-р Ванчо Граматов.
Според информациите од МВР, сообраќајната несреќа се случила околу 21. 45 минути и во неа учествувале два автомомили марка BMW. Првиот со радовишки регистарски ознаки и вториот со британски ознаки. Починатата жена била патник во автомобилот со британски регистарски ознаки кој го управувал триесет и три годишниот К.Ѓ. од Радовиш.
Увид на местото на несреќата изврши полицијата и надлежен јавен обвинител. Сеуште трае постапката за утврдување на причините за сообраќајната несреќа.
Даниела Саздова