Едногодишно дете прегазено од возило на езеро „Младост“
Објавено на 28 јули, 2016 во 07:47
Едногодишниот Х.П, заедно со родителите, патувал во такси возилото на свадба што се одржувала во мотелот „На Велешко“ на брегот на езеро „Младост“. Несреќата се случила додека патниците од таксито излегувале.
Детето прво излегло од возилото кое го управувал четириесет и две годишниот таксист Ј. Р. од Велес поточно кога таксистот тргнал за да се враќа назад кон Велес. Тогаш го прегазил детето кое веднаш било пренесено на хирушкото одделение во болницата во Велес но, починало по пат.
На местото на несреќата е направен увид од екипа на СВР Велес и јавен обвинител./У.Ј