Двајца велешани, ноќеска, нападнале полицајци!
Со тупаници се бранеле од приведување.
Дваесет и седум годишниот велешанец Ф.М нападнал двајцата полицајци пред дискотеката „Даун-Таун“. Инцидентот се случил ноќеска по полноќ кога полицијата интервенирала по претходен повик за нарушување на јавниот ред и мир од страна на разгневениот велешанец. Додека се обидувале да го приведат Ф.М се спротивставил така што ги нападнал полицајците удирајќи ги со тупаници. Тој на еден од полицајците, кој се обидел да му направи полуга на раката, му го свиткал и прстот.
Во одбрана на Ф.М се ставил и неговиот другарт дваесет и пет годишниот А.Ц од Велес. Тој пак ги туркал и влечел за раце и за униформа полицајците.
На крајот сепак двајцата другари биле совладани и приведени во полициската станица во Велес. Од таму најавија дека по расветлувањето на случајот против ФМ и А.Ц ќе бидат поднесени соодветни пријави.