ДИК ја поништи еколошката иницијатива за фабрики подалеку од населени места!

Објавено на 4 март, 2013 во 13:42

Образложението кое го дала државната изборна комисија е дека се поминати законските рокови за собирање на десет илијади потписи.

Еколошкото друштво Вила Зора денеска го доби негативниот одговор. Во него пишува дека поминале три месеци откако започнала иницијативата за промена на законот со која се бара да се забрани фабрика од тешка индустрија да има на 5 километри од населено место. Во образложението кое го добиле екологистите се вели дека премиерот Никола Груевски го потпишал решението на 19 фаевруари, но по само три дена истекувал тримесечниот рок.

„Сметаме дека ДИК си го толкува законот како сака. Го разгледува само делот кој и одговара нејзе, но има еден дел кој вели дека до 12 март мора да се распише собирање потписи од граѓаните. Поради ова ние побаравме средба со претседателот на комисијата Борис Кондарко. Сваќаме дека сме во предизборие, но сепак ќе мора да не прими и да разговара со нас за да му укажеме дека ние имаме право да ја истуркаме нашата иницијатива“, рече Ненад Коциќ претседател на ЕД Вила Зора.

Инаку во неколку наврати екологистите регираа на игнорантскиот однос од премиерот кој не ја потпишуваше иницијативата иако имаше обврска тоа да го стори петнаесет дена од добивањето на иницијативата. Сега токму поради предолго поминатото време спорно е дали се запазени сите законски рокови. Екологистите најавија дека ако до петок не добијат позитивен одговор од ДИК ќе превземат порадикални чекори. Убедени се дека ќе успеат да ја реализираат граѓанската идеја, оџаци на фабрики кои спаѓаат во графата на тешки загадувачи да не се наоѓаат близу градовите и селата./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.