Велешани денска ги посетуваат храмовите на Света Петка
Објавено на 8 август, 2016 во 12:14
Со посета на храмовите кои го носат името на светицата во градот, палење на свеќи и носење на подароци, денеска, граѓаните на Велес го чествуваат празникот на Преподобната маченичка Параскева попозната како Света Петка.
Црквичката на јужниот излез од Велес, под манастирот „Свети Димитрија“, од синоќа ширум ги отвори своите врати за да ги собере сите верници кои доаѓаа на поклониние пред иконата на Света Петка. Таа е составен дел на природниот извор со вода за кој се верува дека има лековита моќ.
И денеска, до пладне, стотици граѓани влегоа во овој духовен храм во чест на светицата. Тие се поклонија и пред иконата на Света Ана, мајката на Пресвета Богородица, чие успение според христијанскиот календар се празнуваше вчера./У.Ј
Фотогалерија: