Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Заврши жетвата на пченицата во велешко. Производителите се задоволни од годинешниот род но се крајно разочарани од откупната цена и пласманот на пченицата. Мелничарите им нудат по 7 денари за килограм квалитетна пченица, со кои не можат да ги покријат ниту основните трошоци. Земјоделците не знаат што да му прават на родот. Дел од нив пченицата ја продале како добиточна храна, некои пак ја дале на чување во силосите на маслодајна и други фирми, а поголем број од нив ја чуваат во селските амбари или пак во вреќи во неоодветни услови.

„Никој досега не не прашал што да правиме со пченицата, крајно сум разочаран. Мелничарите и по оваа ниска цена не доаѓаат да ја откупат бидејќи поефтина цена на брашно имаат од увоз. Бројот на сточарите е се помал па не можат да го откупат целиот род. Навистина не знам што да правам. Имам над 60 тони квалитетна пченица од 25-те хектари, а верувајте оваа есен површините ќе ги намалам за половина“, рече Трајко Костов од с. Еловец.

„Дадов дел од пченицата, но кога ќе ми ја платат не прашав, ниту пак откупувачите кажаа кога ќе ми ги пуштат парите. Само ни рекоа дека ќе ги добиеме по Нова Година“, рече Ристо Петрушевски.

Проблеми со пласманот имаат и земјоделците од реонот на селото Иванковци каде што се произведува најквалитетно лебно жито. Слични проблеми имаат и производителите од Оризари, Сујаклари, Извор, Бузалково и Ногаевци.

Од засеаните 3.300 хектари годинава во општините Велес, Градско и Чашка, земјоделците најдоа род од над 11 илјади тони пченица. Не само со пченицата, земјоделците имаат слични проблеми и со откупот на јачменот. Поголеми количества јачмен се уште стојат непродадени. Под оваа житна култура од засеаните 3.000 хектари, беа најдени околу девет илјади тони.

Долгоочекуваните дождови што паднаа деновиве се добредојдени за престојната есенска сеидба. За жал, поради проблемите со пласманот, производителите планираат двојно да ги намалат површините под житни култури.

Стоилко Андреевски

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново