Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Наместо 150 илјади евра, државната поддршка за развој на мали и средни претпријатија ќе изнесува 20 милиони евра годишно, за на крај од мандатот да достигне и до 50 милиони евра, порача денеска од Велес претседателот на комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски. Тој прошета низ велешката чаршија и разговараше со дуќанџиите, занаетчиите и сопствениците на мали бизниси.

„Овие средства ќе бидат надополнети со надворешни кредитни линии како на пример од Европската инвестициона банка и ќе бидат доделувани во еден цел заокружен систем од поддршка кој ќе вклучува поддршка за започнување на бизнис, поддршка за отворање на работно место , поддршка за полесен пристап до финасии, потоа создавање на мрежи и кластери, поврзување на домашни со странски претпријатија. Исто така ќе има поддршка за извоз и иновации и пренос на технологии од странство. За домашните фирми да се развиваат ќе ја ослободиме бизнис климата , фирмите нема да бидат изложени на политички притисоци и да бидат заплашувани со казни, државата навреме ќе ги плаќа своите обврски спрема претпријатијата а промената на законите ќе биде предвидлива и по договор со бизнис секторот“, рече Тевдовски.

Тој истакна дека ќе биде намалена фирмарината за претпријатијата кои што имаат помалку од пет вработени, а отворањето на нови бизниси ќе било поддржано од државата.

„Во сите поголеми општини државата ќе обезбеди деловен простор на повеќе новосоздадени претпријатија бесплатно , исто така државата ќе ги плати заедничките трошоци за одржување, за архива и за сметководство. Заинтересираните граѓани кои ќе сакаат да отвоират фирма , тоа ќе можат да го направат со почетен капитал од само едно евро и овие фирми ќе бидат видно обележани. А за подобро да се штитат правата на малите бизниси , посебно пред финансиските институции ќе биде воведен и кредитен правобранител по урнек на земјите од ЕУ, порача Тевдовски.

Според Тевдовски приоритет на СДСМ ќе биде отворање перспективи за развој на домашни мали и средни претпријатија и создавање услови за живот во Македонија.

Даниела Саздова

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново