(ОБНОВЕНО) Убиен е Тоше Коцев денеска пред неговата куќа под плоштад Којник
18:30 – Убиството на четириесет и три годишниот Тоше Коцев се случило денеска пред неговата куѓа на улицата Васил Ѓоргов бр. 47 во Велес. Таму околу 14 часот и 15 минути дошол триесет и едногодишниот маж, исто така велешанец, кој со огнострелно оружје пукал во Коцев и му нанел пет до шест рани во пределот на стомакот и нозете. По случката Тоше бил пренесен во болницата во Велес но им подлегнал на повредите пред да започне оперативниот зафат од страна на лекарите на хирушкото одделение.
– Повредениот маж во болницата е донесен со видливо крварење од неколку прострелни рани во телото. Тој бил во општа тешка здравствена состојба предизвикана од огнострелно орудие. Внесен е во операциона сала но, за жал уште пред да започне лекарската интервенција тој починал. Телото на починатиот е во болницава. Тука се полициските екипи. Го чекаме Јавниот обвинител и неговите понатамошни инструкции, рече д-р Ванчо Граматов, специјалист по хирушки болести.
Според првичните информации, велешанецот кој пукал во Коцев останал на местото на случката. Таму го затекнала полицијата како и оружјето од кое било пукано во Коцев. Потоа тој бил однесен во полициска станица во Велес.
Се чека да заврши увидот, за да се открие идентитетот на осомничениот за убиството на Коцев. Граѓани кои живеат под плоштад Којник, на улицата Васил Ѓоргов го кажаа името и презимето на лицето кое пукало во убиениот Коцев. Станува збор за 31 годишен велешанец кој живее во месноста Мегдан.
Убавка Јаневска
17: 10 -Убиството се случи денеска околу 15 часот на улица: „Васил Ѓоргов“, пред плоштад Којник, пред домот на жртвата. Убиен е Тоше Коцев. Таму дошол мажот кој што е осомничен дека го извршил убиството. Тој со огнено оружје ја застрелал жртвата. Четириесет и три годишниот застрелан велешанец веднаш бил пренесен во ЈЗУ Општа болница Велес каде лекарите од ургентниот центар му дале прва помош но починал при внесување во операционата сала на хирушкото одделение, рече д-р Ванчо Граматов специјалист по хирушки болести.
– Повредениот маж во болницата е донесен со видливо крварење од неколку прострелни рани во телото. Внесен е во операциона сала но, за жал уште пред да започне лекарската интервенција тој почина, рече д-р Граматов.
Местото на убиството е блокирано од полиција. Јавен обвинител врши увид.