Бреговите на Вардар во Велес затрупани со отпад
Бреговите на Вардар се грда слика во Велес. Наместо пријатно катче за велешани тие се претворени во депонии. Најнапред поради немање на пречистителна станица, градската канализација и сите отпадни води од индустријата непречено се влеваат во Вардар, кои водата ја загадуваат од трета и четврта категорија. Експертите тврдат дека таа е забранета за капење, наводнување на посетите и за напојување на добитокот. Бреговите на Вардар од двете страни на градот се посебна приказна. Тие се претворени во депонии.
Натрупан со отпад е потегот од Железен мост до Долни Дуќани. Грда е сликата и околу Градскиот пазар. Таму брегот е послан со најлонски ќесиња, а фрлени се и стари електрични апарати. И покрај тоа што таму има поставено контејнери, несовесни граѓани наместо во нив, отпадот го фрлаат на брегот или во водите на Вардар.
Отпадот од бреговите на Вардар, годишно еднаш до два пати го отстранува ЈКП „Дервен“. Но за жал грдите навики на граѓаните кои живеат во тој дел на градот не можат да се искоренат. Тие продолжуваат отпадот да го фрлаат каде ќе стигнат. Ако не можат да го спречат загадувањето од градската канализација и од отпадните води на неколкуте фирми, можат барем реката да ја заштитат од отпадот од своите домови.
Вардар го загадуваат и дел од пазарџиите. Земјоделските производи што ќе им останат и не се веќе за продавање, наместо во контејнери ги фрлаат во реката./С.А