Уште неколку лица со посебни потреби ќе добијат вработување преку проект на „Преда плус“
Неколку лица со посебни потреби од Вардасркиот и Скопскиот регион се вработени во заштитни друштва благодарение на проектот „Градење капацитети на организации за помош на лица со хендикеп“, кој веќе една година се реализира во овие два региона. Овој проект кој го спроведува Фондацијата за одржлив економски развој „Преда плус“ е линкот помеѓу компаниите и јавните институции од една страна и граѓаните од оваа категорија кои бараат работа.
– Во поглед на вработувањето доста актуелно е отворањето на заштитни друштва како една олеснителна околност за зголемување на вработливоста на лицата со хендикеп, мал процент се вработени во јавните институции а исто и во граѓанскиот сектор. Целта е да се зголеми свеста за нивните капацитети, рече проектниот координатор Мери Трпческа.
Во рамки на проектот се отворени и четири инфо точки, две во Скопје и по една во Велес и Кавадарци. Вработената во инфо точката во Велес ги мапира граѓаните со инвалидитет, разговара со нив за проблемите со кои се соочуваат при барање на работа. Истовремено ги посетува и фирмите и ги следи нивните можности и капацитети за вработување на оваа популација.
– Во Велес постојат заштитини друштва кои многу добро го познаваат законот и во мојата средба со нив наидувам на позитивни практики. Истите се задоволни од оваа популација на граѓани и во иднина се расположени да ги вработуваат, секако ако лицето поседува соодветно образование или работна вештина која му е потребна за тоа работно место. Александра Бошкова.
Проектот треба да обезбеди вработување на десет инвалидизирани лица од двата региона. Инаку тој се спроведува во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп од Скопје е е финансиран со грант од Европска Унија./Д.С