Пијан велешанец малтретирал родители и нивни состанар
Дваесет и седум годишниот ЈЈ од Велес во алкохолизирана состојба, синоќа околу 20 часот, со кујнски нож во раце и на висок тон им се заканувал на неговите родители ,педесет и осум годишен татко И.Ј. и педесет и две годишна мајка В.Ј. кои биле подстанари во пензионерската зграда на Здружението на пензионери во Велес.
Потоа пијаниот ЈЈ со нож во рацете почнал да тропа на влезната врата и да му се заканува по животот на состанарот на неговите родители Г.Т (41) од Велес. Случката била пријавена во полициската станица.
По пристигнување на полициските службеници и при обидот да го спречат во намерата ЈЈ нападнал полициски службеник удирајќи го со рака во пределот на носот, од што полицаецот се здобил со видлива расекотина. Бидејќи не ја почитувал издадена усна наредба и предупредување, да престане со извршување на кривичното дело од страна на полицијата Ј.Ј. бил приведен, но поради неговото агресивно однесување со службено возило бил пренесен на Нервно одделение во Јавната здравствена установа „Општа болница“ во Велес каде по добиена соодветна терапија бил задржан на лекување./У.Ј.