Лазов: Кружниот тек кај Авона придонесе да се реши сообраќајот и за поубав естетски изглед на Велес
Од новоизградениот кружниот тек, кој грѓаните на Велес популарно го нарекуваат Авона, ОК на ВМРО ДПМНЕ денеска потсети дека пред 4 години одтаму ветиле нов сообраќаен режим со изградба на кружен тек и ветеното го реализирале. Во градот до сега се изградија два нови кружни текови, а и во наредниот период се планира да продолжи тој начин на регулирање на сообраќајот, рече на денешната прес конференција кај Авона, Кирил Лазов од ОК на ВМРО ДПМНЕ.
– Сетете се како изгледаше ова место пред да се изгради кружниот тек. Целосно небезбедно, непрегледно и црна сообраќајна точка во Велес. Често пати овде се случуваа сообраќајни незгоди кои завршуваа со голема материјална штета. Најкритично беше во сообраќајниот шпиц наутро, околу 7 часот и попладне околу 15 часот кога сообраќајот буквално се загушуваше. Денеска ова моето изгледа сосема поинаку. Со изградбата на кружниот тек, инвестиција на Општина Велес од 4 милиони денари, овие проблеми се надминати, рече Лазов.
Тој додаде дека сообраќајот сега се одвивал многу по организрано, немало сообраќајни гужви а безбедноста била најзначајната придобивка.
– Откако е изграден кружниот тек бројката на сообраќајни незгоди сега е сведена на минимум. Освен кружната крстосница, дополнително се изврши и осветлување на објектот со што се придонесе за зголемена видливост во вечерните часови, рече Лазаров.
Од ВМРО ДПМНЕ исто така посочија дека изградбата на кружниот тек му дала целина на просторот во кој проштадот Авона сега претставувал многу помодерно, поурбано и место кое значи поубав изглед на градот./У.Ј