Велешани ќе можат да конкурираат за седум слободни социјални и станови за лица со ниски примања
Објавено на 12 февруари, 2018 во 16:07
Министерство и ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор, направи анализа за слободни социјални станови и за лица со ниски примања. Според анализата има седум слободни станови во Велес.
За распределба на становите ќе се формира посебна комисија која ќе ги разгледува сите пријави.
Становите за лица од социјален ризик ќе ги опфаќаат категориите деца без родители или родителска грижа, корисници на социјална или постојана парична помош, лица погодени од елементарни природни непогоди, инвалидни лица и лица на кои им е потребна помош и грижа од друго лице, припадници на ромската заедница кои се социјално загрозени, самохрани родители со малолетни деца, како и слепи лица корисници на социјална или постојана парична помош./У.Ј