Грипот ги совладува велешани?
Во месец јануари, годинава, во Велес има регистрирано само 13 случаи на грип додека состојбата овој месец покажува благ пораст на заболувањето со евидентирани 90 случаи до понеделникот 19 февруари. Но она што во изминатите два дена се случува во амбулантите на матичните лекари како и на одделенијата во Болницата може да ја промени состојбата, вели епидемиологот др Билјана Трајкова од Центарот за јавно здравје.
-Се ќе знаеме во понеделник на 26 февруари кога ќе стигнат податоците од приватните амбуланти и од одделенијата на болницата. Се сомневаме дека има некакви почетоци на поизразено заболување на граѓаните за кое сега, во моментов не можеме да тврдиме ништо бидејќи нерасполагаме со бројки, рече др Трајкова.
Инаку родители на деца згрижени во градинките и ученици во училиштата се пожалија на грип. Болеста почнува со висока температура, болки низ целото тело и изнемоштеност./У.Ј