Автомобил удри пешак во Велес
Несреќата се случила денеска, 23 февруари, околу 12.30 часот на ул.„8ми Септември“ кога патничкиот автомобил марка „Фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки управуван од шеесет и шестгодишниот С.Т. го удрил пет години помладиот пешак М.К. од Велес.
Во несреќата пешакот се здобил со повреди поради кои е пренесен на хирушкото одделение во ЈЗУ Општа болница – Велес. На повредениот граѓанин МК му е укажана лекарска помош на хирушкото одделение од страна на лекарот специјалист ортопед д-р Зоран Арсовски а по извршените потребни прегледи и снимања било констатирано дека М.К нема скршеници туку набиеници по телото.
– Пациентот е контактибилен и состојбата во која се наоѓа не е од витално загрозувачки карактер по неговиот живот. Со него е и семејството. Сепак според одлуката на лекарот специјалист е задржан на надгледување во наредното денонокие, рече главната сестра на болницата, Марина Андова.
Инаку на местото на несреќата увид изврши екипа од СВР Велес./У.Ј