Државата најитно мора да помогне во заштита на културното богатство во велешко Алтан маало
Најубавиот и најзачуван дел од старата на далеку позната велешка архитектура се наоѓа во улицата „Јован Наумов-Алабакот“, во маалото „Варналиите“, на левата страна од Велес. Поради убавите куќи, во кои за време на Отоманското царство, живееле најбогатите бегови и аги, оваа маало Турците уште тогаш го викале „Алтан маало“ или златно маало.
По Балканската војна во 1912 година Турците масовно си заминале. Нивните убави куќи ги купиле побогатите велешани. Така најубавите и најголеми куќи, кој денес се најпосетени од домашни и странски туристи, ги купиле Ѓорѓи и Славка Паунови,Стево и Богданка Прнарови и касапот Лазар и Трајанка Тренчови. И другите куќи во оваа улица се убави и со својата архитектура го привлекуваат вниманието на туристите. Поради својата убавина и автентичноста на старата архитектура овие куќи се ставени под заштита на законот. И покрај неколкуте интервенции се чини Заводот треба во најскоро време повторно да интервенира за во целост го заштити ова богатство.
А како дел од оваа мало во Велес се убавите и големи куќи на Ѓорѓи и Славка Паунови со трите сина Миле, Љубе и Диме, потоа на Стево и Богданка Прнареви со синовите Димче и Пенчо и ќерките Марика, и на касапот Лазар и Трајанка Тренчови, кој поради прерана смрт на првата жена, се преженил и живееле со Стојна Тренчови како и со синовите Миле, Кочо, Драган, Тодор, Ило и ќерките Васа, Родна и Донка. Касапскиот занает го наследил Лазар, кој бил крстен на дедому. Од десната страна до Паунови е куќата на Бојан Манев со децата Киро, Цветаи Влатко. Веднаш до нив живееле Борис Јанев со жена му Румена, со синовите Симеон и Благој и ќерките Цветанка и Виолета, семејството на Киро Ружинов, со синовите Перо,Тоде и Живко, како и Ганчо Рушков со децата Благој, Нада, Лила и Грозда. Пред Ружинови живееле Киро и Галаба Ноеви, со синот Бошко и ќерката Нада. Во сокакот свој домови имале Павлина и Владо Ристови со синот Тодор и ќерката Лидија, Димчо и Добрина Чоловчанови со ќерките Весна, Стојна и Ефка како и Тоде и Деница Настови со децата Стојан, Ило, Стојна и Цвета. Над нив живеело семејството Велкови со децата Коле, Пано, Диме и Благој, па Ангел и Грозда Бачеви со децата Ацо, Трајче, Драган, Славчо, Влатко и ќерката Тања, како и Борис и Маре Мурџови со децата Цвета и Роза. Во овој дел се наоѓаат и семејните живеалишта на Ило и Цвета Шутева како и на Васил и Мира Коледезни со синовите Јуре и Живко. До нив живееле Цвета Коцева со децата Трајче и Летка, а до нив пак Панче и Ефка Кочови со децата Цвета и Трајче и нивните деца Ивана и Стојка.
Во ова маало со убава архитектура живеело и семејството Тоцинови со ќерките Ружа, Слоботка, Летка и синот Ацо, а под нив семејството Андови, поточно Цвета со синот Орце и Перо со синот Иле. На крајот живееле Ордан и Мара Ацеви и Ристо Витанов со синот Иле.
Во сокакот што води кон паракилисот “ Св. Ѓорѓија“, првото училиште во Македонија отворено во 1858 година од народниот учител Јордан Хаџи Константинов Џинот за децата да учат на мајчин, македонски јазик, се наоѓале куќите на Илија и Стојна со прекар Јапонот со децата Аце, Јованче, Нада и Цена, како и на Мара Јованова со синовите Миле, Јован и Ѓоре. Под нив свои домови имале Димче и Олга Чокалови со децата Марика и Данка, а од другата страна на Тренчови живеела Пандора Шулева. Во оваа златна улица преку капиџици излегувале и куќите на семејствата Ацо и Лена Џајкови, на Ристови, на Пантови и на Есмерови.
Велес и понатаму мора да биде посветен на зачувување на автентичната староградска архитектура, а овие „златни“ куќи да останат аманет за идните генерации. Затоа неопходно и итно потребно е државата да превземе мерки и да го реконструира комплексот куќи Варналии, се разбира, додека сеуште има време и тие сосема не се распаднат.
Стоилко Андреевски