Кавадаречки „Нисан“ удри полициска „Шкода Јети“ кај Велес
Објавено на 22 јуни, 2018 во 12:39
Автомобил марка „Нисан“ со кавадаречки регистерски таблички претпладнево околу 10.15 часот удрил полициското возило марка „ Шкода Јети“ на самиот излез на Велес, кај штипска клучка. Полициското возило по ударот било отфрлено во банкината покрај патот. Возилото „Нисан“ го управувал шеесет и шест годишниот Л.К. Ударот не бил сериозен и нема повредени лица ни во полициското ниту во возилото со кавадаречки регистерски ознаки.
Екипа на СВР Велес направила увид на местото на сообраќајката. Дополнително ќе се утврдуваат причините за несреќата./У.Ј