Обид за убиство во Велес
Објавено на 13 август, 2018 во 09:26
Триесет и шест годишниот П.Н од Велес синоќа е прободен со нож и се здобил со сериозни повреди. Од СВР Велес го потврдија настанот и информираат дека се случил синоќа околу 22 часот во ходникот од зградата на улицата „Васил Главинов“ – К2.
„ Од страна на З.А.(29) од Велес со употреба на нож е прободено лицето П.Н.(36) од Велес. Повредениот е пренесен во ЈЗУ Општа болница – Велес и поради сериозноста на повредите истиот е пренесен на лекување во Клиничкиот центар – Скопје“ рече портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Увид на местото на настанот извршила екипа од велешката полиција./А.Д