Војдиновска: Европската Унија значи солидарност и социјална правда !
Европските стандарди на социјална заштита ги штитат граѓаните на Европската Унија, овозможувајќи им достоинствен живот и социјална сигурност, рече во пораката што денеска им ја упати на велешани европската судијка во карате Климентина Војдиновска. Таа додаде:
„Европската Унија вложува во унапредувањето на социјалните права и напорите тие да бидат рамноправно уживани од страна на сите граѓани – реформа на системот на социјална заштита, унапредување на социјалните услуги за граѓаните, интензивирање на борбата за справување со сиромаштијата и социјалната исклученост во државата, спречување на маргинализацијата од секој вид, значително унапредување на правата и заштитата на работниците и поголема инволвираност во сите овие прашања на социјалните партнери и граѓанското општество.
Се воведува минимален гарантиран приход.
Со приближувањето на Македонија до Европската Унија, поддршката за социјалната заштита на граѓаните постојано ќе расте и така во континуитет ќе се обезбедува се поголема и поквалитетна заштита на граѓаните.
Почитувани сограѓани,
Европската социјална повелба ги гарантира социјалните и економските човекови права.
Референдумот на 30-ти Септември е единствена шанса да станеме дел од Европа, да ја осигураме нашата иднина и иднината на нашите деца во интегриран систем, каде меѓи другите основни човекови права и слободи, се гарантираат беспрекорно и социјално-економските човекови права.
Затоа, да излеземе – ЗА Европска Македонија, рече Војдиновска.