Д-р Коциќ: Гроот да прерасне во „Сончев рид“
Фондовите на Европската Унија до сега поддржаа и поддржуваат повеќе проекти од витално значење за локалниот економски развој на општините во нашата држава. Со влегувањето во Европската Унија, поддршката и помошта повеќекратно ќе се зголемат, рече во денешното обраќање кон граѓаните на Велес, членот на Советот на општината д-р Ненад Коциќ. Тој информирајќи за еногласно прифатената иницијатива на советничката коалиција предводена од СДСМ за градење Стратегија за користење на обновливите извори на енергија на територијата на општината, на последната седница, од страна на Советот на Општина Велес додаде:
„Сметаме дека е време да се изгради стратегија, врз основа на која ќе се искорисуваат обновливите и алтернативните извори на енергија во нашата општина.
Велес, кaко и останатите општини во државата, има над 300 сончеви денови годишно, но го има и она што го немаат другите градови – ридот Гроот, кој по својата местоположба е идеално поставен за инсталирање сончеви фотоволтаични панели, со кои може да се напојува со електрична енергија целиот град Велес и поради ко,ј проектот го нарековме СОНЧЕВ РИД.
Ова би бил најголемиот проект на територијата на Велес после 30-тите години на минатиот век, кога е електрифициран Велес и со инсталација на фотонапонски панели на ридот Гроот би можело да се обезбеди електрична енергија за сите училишта, градинки, енергија за јавното осветлување, како и другите институции во градот.
Стратегијата би требало да и даде на општина Велес целосна насока за тоа, кои извори на енергија се најдостапни, како да се користат, како и економска анализа на инвестицијата, која очекуваме да се врати за 3-5 годни, а бенефот ќе биде за многу идни генерации.
Сите знаеме дека идејата е одлична, но за нејзина реализација се потребни средства, кои како и за многу други проекти, многу често, ги надминуваат можностите, кои ги пружа буџетот на Општина Велес.
Со право очекуваме, поддршка од фондовите на Европската Унија, затоа што обновливите извори на енергија се иднината, како за Македонија, така и за совремнена Европа.
Европската Унија и НАТО Алијансата велат:
Вратите се отворени! Добредојдени сте!
Но, нивното тука завршува.
На ред сме ние, на 30 септември треба заедно, сите да одлучиме – Влегуваме низ отворените порти на Европската Унија и на НАТО Алијансата!
Одлуката е исклучиво наша и само ние можеме да ја донесеме. И ќе ја донесеме во интерес на Општина Велес, во интерес на Македонија , во интерес на идните генерации, за нивна подобра иднина,“ рече д-р Коциќ.