СДСМ: ВМРО ДПМНЕ маршираа и не кажаа ништо, ниту се извинија, што Велес го оставија во долгови од скоро 3 милиони евра
По Протесниот марш на ВМРО ДПМНЕ низ Велес, во неделата на 16 декември, денеска реагираа од Општинската Организација на СДСМ. Тие прво констатираа дека најмалку од се на протестот на опозициската партија имало Велешани.
„Марширајќи така, поминаа покрај местата каде беа засадени скапоцените палми, секако, од тендерите на бегалецот и нивен довчерашен лидер, Груевски, купени со пари на граѓаните во вредност од стотици илјади евра. Молчеа, не кажаа ништо, немаше самокритика, немаше извинување за украдените пари на граѓаните.
Не кажаа ништо, ниту се извинија, затоа што градот Велес го оставија во долгови од околу три милиони евра.
Не се ни извинија што ЈКП Дервен го оставија во долгови оставајќи го со застарен возен парк.
Игор Здравковски многу убаво знае дека најпрво треба да се вратат долговите од нивното погубно осумгодишно владеење со Општина Велес, па потоа да се почне со создавање на нови работи. Ама, не кажа ништо за плацевите на Груевски, неговиот почесен претседател, за тендерите со жутите на неговиот почесен претседател …
Мицковски заборави да им каже на Велешани и на своите сопартијци како стана сопственик на хидроцентрали, колку заработува од нив и на кого досега помогнал?
Дури и единствениот пратеник на ВМРО ДПМНЕ од Велес, вчера не беше рамо до рамо со Мицковски.
Господа Мицковски и Горан Здравковски,
За кои црнила зборувате ?
За целиот нормален Свет и Европа, поголеми црнила од Вашето 11-годишно владеење немало досега.
Сосема на крај, вашиот пријател и сопартиец Цветин Чилиманов го нарече Рацина – ЏУЏЕ, а вие чии стихови рецитиравте вчера во Велес, или не сте се договориле со Цветин Чилиманов, вашиот сопартиец? Срам да ви е ? “ напишаа во реакцијата од Социјалдемократскиот сојуз на Велес./У.Ј