Полицијата бара малолетна бегалка од Куманово и нејзиниот малолетен љубовник од Велес
Полицијата ја бара четиринаесет годишната бегалка од Куманово која дошла во Велес, кај својот една година постар љубовник, за потоа заедно да избегаат во непознат правец. Вљубените деца имале врска и веќе им изјавиле на своите родители дека сакаат заедно да живеат. Родителите се спротивставиле на ваквата одлука.
Прво тоа го сторил родителот на малолетното девојче од Куманово, четириесет и четири годишниот Р.Х. Штом во петокот на 15 март, околу 22 часот, девојчето го снемало од домoт таткото пријавил во полициската станица во Куманово додека таткото на малолетното момче, четириесетгодишниот Т.Ј, пријавата во полициската станица во Велес ја поднел триесет минути претходно. Т.Ј и соопштил на полицијата дека истата вечер, околу 19.00 часот во неговиот дом дошло пријавеното женско дете од Куманово, кое било во љубовна врска со неговиот петнаесетгодишен син. Во пријавата родителот напишал дека таа и предходно доаѓала кај нив повеќе пати како и дека во петокот на 15 март , двете деца му кажале дека сакаат да живеат заедно, по што, Т.Ј им кажал дека ќе ги пријави во полиција зашто се малолетници и несака да има проблеми со полицијата.
Потоа, љубовниот пар, излегол од домот во Велес и заминал во непознат правец.
Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на децата. /У.Ј