Ќириќ од Канада напиша песна за велешките акцијаши – ветерани „Велес убав, зелен град“
Во чест на доброволната младинска работа и бригадирството како форма на покажување на општествена одговорност и волонтерство, во поранешната држава СФР Југославија, кога младите луѓе преку едномесечна работа допринесуваа во разубавувањето на својата татковина познатиот Велешанец и акцијаш а сега ветеран Слободан Ќириќ со прекар Цоро напиша песна. Таа е посветена на формирањето на Работната бригада на Здружението на граѓани „Акцијаш – ветерани“. Дума.мк ексклузивно ги објавува стиховите на Кириќ.
Ќириќ, кој сега со своето семејство, живее во Канада е поддржувач на доброволната граѓанска работа. Неговата поддршка многу им значи на акцијашите ветерани во Велес. Тие го поздравија Ќириќ и неговото семејство со познатиот бригадирски поздрав: Здраво, здраво, здраво!/У.Ј