Работна посета на судија и јавен обвинител од САД, деновиве, во Основен суд Велес
Судија на Регионалниот суд во Орландо, од Соединетите Американски Држави, Пол Г. Бајрон и првиот правен советник во Американската амбасада во Скопје, Челзи Шинур заедно со јавен обвинител од Пенсилванија го посетија Основен суд Велес.
За време на посетата биле одржани работни средби со в.д Претседателот на судот Александар Шопов и судиите од Кривичниот оддел Габриела Гајдова, Шефшет Адеми, Валентина Ѓорѓиевска и Аница Теова.
На средбите била презентирана организацијата на работата на Основен суд Велес, неговата надлежност и предизвиците со кои судот и судиите се соочуваат во секојдневното работење. Во исто време биле разменети мислења околу тековните реформи на македонскиот правосуден систем.
Гостите од двете американски држави и претставничката на Амбасадата на САД во Македонија со в.д Претседателот на Основен суд Велес и со судиите од Кривичното одделение разговарале и за споредбените искуства , за позитивни практики од судскиот систем на Соединетите Американски Држави како и за други актуелни прашања кои имаат значење особено за зголемување на судската ефикасност и независност ккао и за остварување на начелото на владеење на правото.