Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

svr veles fin

Во вчерашната, четврток 16 мај, контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната, Секторот за внатрешни работи во Велес регистрирал 12 прекршоци што ги сториле возачи, граѓани на Велес, на Неготино и на Кавадарци. Двaјца од нив биле велешани, и по петмина неготинци и кавадарчани. Сите заработиле прекршочни казни.

Според полицискиот билтен, исто така, вчера во полициската станица во Кавадарци лицето А.Л.(30) од Кавадарци, пријавило дека околу 11.00 часот на ул. „Димче Мирчев“ во Кавадарци, било каснато за нога од бездомно куче.

Во вчерашниот ден, околу 9 часот и 30 минути, на локалниот пат од Кавадарци за село Дреново, се случила и сообраќајна незгода во која возило „Шкода фелиција“ со кавадаречки регистарски броеви управувано од педесет и шест годишниот Ц.П од истото село излетало надвор од патот. Во незгодата возачот на автомобилот се здобил со тешки телесни повреди за што му била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци. На местото на незгодата полицијата извршила увид кои треба да ги утврди причините./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново