Реакција на Здравковски: „Целта да ја замајувате јавноста со некојси саркастично – хумористични фб постови од приватен профил е последица на стерилното работење на општината и администрација“
На прес конференцијата на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Велес реагираше претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Игор Здравковски. Тој на прозивката од советничката Лазаровска Прличкова за напишан фејзбук статус врати со тоа што напиша дека прво го поздравува преименувањето на градскиот стадион во Зоран Паунов, како заедничка иницијатии затоа што ретко која иницијатива поминала едногласно со поддршка од страна на сите советници во општината. Во писмена реакција Здравковски додава дека особено затоа што Паунов „ е современик и човек кој достојно го промовираше велешкиот спорт долги години и ја имаше таа среќа да биде еден од ретките претставници на велешките спортски школи кој остави печат, и врз неговото дело се изградија многу млади луѓе со желба да спортуваат и да се докажуваат, за разлика од овие генерации кој за жал неможат да гледаат големи спортски настани ниту на ТВ“.
Одговарајќи пак на прозивката за објавениот фејзбук статус Здравковски напиша:
-Да бидам искрен се израдував кога слушнав дека советничката група на СДС спрема прес конференција, бидејќи помислив дека конечно ќе кажете дека нешто ќе се работи или пак ќе испаднете со некој конкретен проект кој би придонел за подобрување на животот на граѓаните кој го ветувавте. Помислив дека ќе кажете за Вашиот и за жал наш градоначалник конечно ќе отпочне со реализација на проектите за атмосферска канализација кои веќе требаше да бидат реализирани, ќе кажете дека сте обезбедиле некој грант – каков што обезбедија Чашка и Градско (но не и Велес), мислев дека ќе кажете дека конечно ќе отпочнете со изградба на катни гаражи или затворен пазар. За базенот искрено и не очекував да кажете ништо бидејќи и сами не верувате во негова навремена санација и пуштање во употреба за оваа сезона. Целта да ја замајувате јавноста со некојси саркастично – хумористични фб постови од приватен профил и не ја доловивте баш, и сето тоа е последица на стерилното работење на општината и администрација. Еве кратко за крај во однос на тој саркастично – хумористичен фб пост – Иако немам некој посебни емоции спрема човекот на сликата, ако не беше тој човек ниту автобус, ниту триумфална капија, ниту плоштад ќе немаше, а и РК Вардар не ќе се издигнеше до овие висини, напиша во реакцијата претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Велес.