Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

 

RacinoviVasiliucenici fin

Со перформанс изведен од страна на актерот и водител Васил Зафирчев и група млади ученици, синоќа, 6 јуни започнаа 56-те „Рацинови средби“ во големата сала на театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“. Великанот Рацин, генијалниот поет, лиричар, работник, револуционер, антифашист, скоевец, комунист, партизан, проучувач на Богомилското движење, пишувач на статии посветени на Хегел, ги собри по 56-ти пат неговите почитувачи во родниот Велес кои му се поклонија и му ја оддадоа неизмерната почит за неговите грандиозни заслуги за современата македонска литература. Одржувањето на годинешните, 56-ти „Рацинови средби“ се од огромно значење не само за Велес туку и за целата држава поради одбележувањето на големиот и особено значаен јубилеј поврзан со името на Коста Солев Рацин поточно 80 годишнината од печатењето на стихозбирката „Бели Мугри“ во Самобор во печатницата на Драгутин Шпуле.

RacinoviVeselinkaihor

На свеченото отворање на поетската манифестација, синоќа, 6 јуни, Градоначалникот на Велес Аце Коцевски потенцирајќи ги големината и значењето на златоустиот поет, најголем меѓу големите, кои ги задолжи сите генерации, со неговата племенитост и авангардност рече дека Рацин е вграден во културното и историско наследство на македонскиот народ. 

RacinoviKocevski

-Неговиот роден град, со посебен пиетет пристапува кон делото и творештвото на Коста Солев Рацин. Токму затоа воспевањето на поетот продолжува и вечерва, вака гласно, зашто секој велешанец, катаден, во себе, ја пее песната на Рацин. Тоа е химна од постоењето на Велес и жива вистина е, велешани и гости на рациновиот град дека во мигот кога ќе исчезне Рацин од нашите души ќе исчезне и Велес. гледа сиот сцет, гледа како овде, вечерва, на рациновите средби, како и секоја година, умира смртта на Рацин зашто сртта е ништо пред животот, зашто таа е немоќна пред гласот. А Рацин е токму тоа, гласот, мојот глас, вашиот глас, гласот кој го слушаш и оној кој не го слушаш а го знаеш, рече Коцевски.

Publika1

Тој додаде дека Рацин е гласот кој не си го чул а го беседиш како и животот кој не си го учел а го живееш. Токму заради грандиозноста на Рацин, општина Велес како организатор со поддршка на со поддршка на Советот за македонски јазик при владата, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Институтот за македонска литература, Клубот на писатели „Кочо Рацин“ и Друштвото на писатели на Македонија прават се да ги одржуваат рациновите средби и тие да останат на пиедесталот на македонската култура како една од трите најзначајни манифестации во државата.

Publika2 fin

Во Беседата за Рацин, што годинава ја напиша проф. Весна Мојсовска Чепишевска, таа се осврна и на јубилејните 80 години од издавањето на стихозбирката „Бели Мугри“ откако се заблагодари на инспирацијата исцрпена од Беседа што пред 40 години ја напишал Александар Спасов, со наслов : „Секој народ ја пее својата песна“.

RacinoviCipishovska

- Му благодарам што ми ја позајмува и ми даде сила да ја раскрилам својата реч но, овој пат по повод 80 години од излегувањето на „Бели Мугри“. Зошто во случајов толку долго памтиме? Ќе не запраша, ќе се запраша Спасов тогаш. Навистина, зошто толку долго памтиме и еве после осумдесет години од излегувањето на оваа рацинова збирка. нели постојат закони на самата природа што и не принудуваат во името на идниот опстанок многу нешто и многу нешта да заборавиме па и да ги отфрлиме за да можеме да се движиме полесно само напред и напред. Дали е во прашање нагонот на потомците да се идентификуваат со предците, барајќи си ја својата автентичност. Очигледно токму во таа потреба на идентификација на потомците, т.е следбениците, во претходниците, се крие целата страст да се чита и читаат стиховите од „Бели Мугри“ и да се пишува и пишува за Рацин, рече проф Мојсовска Чепишевска.

RacinoviPoetskimiting

RacinoviAmbasadorJazbec fin

Присутните гости на 56-тите „Рацинови средби“, на свеченото отворање, имаа можност да проследат поезија напишана од 13 учесници на Поетскиот митинг на македонски, албански, српски, босански, словенечки, турски и бугарски јазик.

RacinoviMonistra

Крајот на првата вечер од одржувањето на манифестацијата посветена на Рацин го одбележа настапот на етно групата „Монистра“./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново