Вкупно 25 граѓани возеле автомобил, во една ноќ, под дејство на алкохол
Објавено на 25 јуни, 2019 во 06:02
Ова го покажуваат резултатите од последната контрола што полициските службеници ја реализирале во неделата, на 23 јуни, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи – Велес. Тогаш биле контролирани три градови Велес, Кавадарци и Неготино.
Од вкупно 25 возачи кои управувале автомобили под дејство на алкохол 9 се регистрирани во Велес,5 во Неготино и 11 во Кавадарци, соопштија од СВР Велес.