Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Xakcelerator fin

Првиот и единствен бизнис акцелератор надвор од Скопје, основан од инвеститори со големо практично искуство во креирање, управување и поддршка на развојот на успешни стартап бизниси, има за цел да го поттикне и регионалното претприемништво преку раздвижување на стартап сцената надвор од главниот град на државата.

Во наредните 30 месеци предвидена е имплементација на акцелераторската програма „Заедно растеме“, со која ќе се обезбеди нѐ само едукативна, туку и финансиска поддршка за развој на почетни иновативни бизниси, кои имаат голем потенцијал за раст. Проектот , предвидува два инвестициски циклуси, со почетни инвестиции од максимум 30.000 евра да се финансираат најмалку 10 атрактивни стартапи, а неколку од нив кои се со најголем потенцијал за раст, да се финансираат со дополнителни средства од максимум 70.000 евра, во фазата на понатамошни инвестиции.

X Фактор Акцелератор е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), во соработка со Светска банка, преку инструментот за поддршка - кофинансирани грантови за воспоставување, работење и инвестиции на деловно - технолошки акцелератори.

Седиштето на акцелераторот, www.xfacc.mk, е во строгиот центар на општина Велес, на ул. Борис Карпузов број 1, во деловни простории специјално опремени и дизјнирани за потребите на неговите корисници. Таму во понеделник, на 1 јули, се организира “Opening Meetup” поточно еднодневен настан на кој покрај церемонијалниот дел, со што и официјално ќе се означи почетокот на првиот инвестициски циклус, ќе се одржи и првата од серијалот панел дискусии на тема “Бизнис разговори за успешен стартап”.

Во првиот дел, воведно обраќање, ќе имаат и Потпретседателот на Владата, задолжен за економски прашања и координација со економските сектори, д - р Кочо Анѓушев, како и Директорот на ФИТР, Јован Деспотовски. Панелисти на работната сесија ќе бидат Михаил Китановски од Д2ЕМ Консалтинг, како водечки консултант и д - р Игор Андреев, кој воедно е и дел од менаџерскиот тим на акцелераторот.

Така ќе стартува и серијалот од повеќе слични настани во пред - акцелераторската фаза, на кои сопствениците од првата генерација стартапи ќе имаат уникатна можност, со експертска поддршка да ги унапредат своите бизнис модели и да ги зајакнат вештините за градење тимови, маркетинг, продажба, финансии, проектен менаџмент, управување со ризици и сл..

Настанот ќе биде одлична можност и за меѓусебно запознавање и вмрежување, како и споделување know - how и искуства помеѓу претприемачките тимови кои се во понапредна (Product/Market fit) фаза, со оние кои се во порана (Problem/Solution fit) развојна фаза, на кои сеуште, клучниот предизвик им е креирањето на првичните верзии на производот или услугата./У.Ј

 

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/10/2019 година.

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/10/2019 година.