Велешанец почина на улица
Објавено на 27 јуни, 2019 во 06:16
Утрото на 25 јуни, во 09.30 часот, екипа на Итна помош на ЈЗУ Здравствен дом во Велес била повикана од граѓани кои, на улицата „Ангел Мишев“, виделе маж кој лежи на коловозот. Лекарот во интервенцијата констатирал смрт без траги на насилство.
Тој го пријавил случајот во Секторот за внатрешни работи во Велес. Полицијата направила идентификација и утврдила дека станува збор за лицето А.Р.(67) од Велес.
На лице место увид извршила екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Резултатите од обдукцијата ќе треба да ја утврдат причината за смртта на шеесет и седум годишниот велешанец. /У.Ј