Екологистите на „Вила Зора“ ги промовираа контејнерите за ПЕТ амбалажа и едуцираа велешани
Со рециклирање на едно пластично шише се заштедува енергија за една сијалица од 60 вати да работи шест часа, а со еден тон рециклирани шишиња или 20.000 шишиња се заштедува енергија колку што трошат две лица во текот на една година што изнесува околу 5.700 киловати како и количина на вода што би ја користел еден човек за време од два месеца. Сепак, мал процент од пластиката во Македонија се рециклира.
Од речиси 14.000 тони пластика што се создава годишно на пазарот, се рециклираат само 19 % поточно околу 2.600 тони.
Еколошкото друштво „Вила Зора“ од Велес и Институтот за комуникациски студии, во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ во средата на 26 јуни организира еко-акции за собирање на ПЕТ амбалажа на неколку локации во централното градско подрачје на Велес.
Активисти на „Вила Зора“ ги чисеа деловите на градот кадешто има поставено контејнери наменети за ПЕТ амбалажа и делеа платнени торби за собирање пластични шишиња на граѓаните.
Акцијата има еколошка и едукативна цел./У.Ј