Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Patot pod karpa Cucka fin

Градежен факултет од Скопје до крајот на месецов треба на Јавното претпријатие за државни патишта да му достави проект за целосна санација на карпата Цуцка во месноста Долни Дуќани во Велес. Пректот ги содржи мерките на експертите со кои треба да се заштити карпестиот масив за да не се повтори случката од пред шеснаесет месеци кога Цуцка се распука и се свлече на регионалниот пат Велес - Градско притоа затрупувајќи делови од регионалниот пат и од железничката пруга Скопје - Гевгелија. Тогаш, во огромно карпесто парче се заби машина на ЈП „Македонски железници - Транспорт“. За среќа, машиновозачот и помошникот поминаа со полесни повреди.

Според директорот на државното претпријатие за патишта , Зоран Китанов проценките на експертите се дека целосната санацијата на Цуцка ќе биде двојно поскапа од првичните пресметки.

- Првичната проценка за санација изнесуваше 25 милиони денари. Сегашната на Градежен факултет изнесува 80 милиони денари . Не е проблемот само карпата туку целосниот карпест масив кој треба да се минира, свлече, обработи и исфрли. Само така може целосно да се реши проблемот, рече Китанов.

Тој додаде дека зафатот на Цуцка треба да се реализира на многу поголема површина од првично предвидената. Колку таа точно ќе изнесува, во површина, ќе се знае на крајот на овој месец. Штом Градежен факултет го предаде проектот ќе следи постапка на распишување тендер за изведувач и негов избор, почитување на роковите за жалба и како што предвиде Китанов започнување на изведбените работи во месец септември, годинава.

Нецелосно завршената санација на карпата Цуцка и оштетениот дел на регионален пат Велес - Градско се чести теми на велешани кои објавуваат статуси на фејсбук. Тие најчесто се шегобијни и упатени кон Општина Велес со содржини за неспособност да се реши проблемот и да се обезбеди безбедно минување по патот на јужниот излез на градот./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново