Откриена биста на македонската хероина Мирка Гинова во Велес

Објавено на 26 јули, 2019 во 11:28

Mirka otkrivawe na bistata

Бистата на Мирка Гинова во Велес е поставена над спомен плочата со имињата на македонските загинати борци во Граѓанската војна во Грција. Таа се наоѓа на главната градска улица „Благој Ѓорев“, спроти велешката Гимназија. Уметничкото дело што го содржи ликот на народната хероина е авторски труд на скулпторот Петре Нановски од Скопје. Тој и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски , денеска, на 73 годишнината на стрелањето на Гинова во Ениџе – Вардар, во Грција,ја открија бистата.

BistanaGinovaMalkovski

– Денеска сме сведоци на овој значаен чин од одбележувањето на стрелањето на Мирка Гинова, на откривањето на нејзината спомен биста во Велес. Додека светот светува и додека векот векува, ова биста тука да стои и да ги потсетува сите оние кои барем малку имаат свои сознанија за да и оддадат почит при поминувањето. Дури и бившиот грчки премиер Алексис Ципрас, обраќајќи и се на Комунистичката партија на Грција а по повод Преспанскиот договор, за кој тие гласале против, јасно и гласно ја спомнува со македонското и грчкото име и презиме Мирка Гинова. Иако се разбира дека Преспанскиот договор ништо добро не и носи на Македонија и ќе има долгорочно катастрофални последици по македонскиот јазик, култура и држава. Но, духот на Мирка Гинова уште еднаш ја разбранува јавноста и ги отвори нерешените прашања на Македонците во Егејска Македонија. На тој начн името на Мирка Гинова ги надмина и ги помина портите на македонската историја замина во вечноста за да ја памтиме како лик достоен за почит ,рече проф д-р Ѓорги Малковски на свеченоста по повод откривањето на бистата на Мирка Гинова во Велес. 

Bistadelegacii

Повеќе делегации на институции, општината, Здруженијата на Борци од НОВ, на пензионерите, на македонски здруженија од егејскиот дел,на роднини на загинати борци во Втората светска војна и во Граѓанската војна во Грција како и на ОК ВМРО ДПМНЕ положија свежо цвеќе пред спомен бистата.

Bista Marija

Марија Динкова изведе една од повеќето народни песни посветени на Мирка Гинова.

BistaBozikov

Иницијаторот за поставување на бистата е Здружението  „Звезда“ од Велес потпомогнато од општината, од повеќе фирми и граѓани во градот почитувачи на ликот и делото на Мирка Гинова, борец од времето на Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција која заедно со илјадници македонски и грчки патриоти, се борела против фашистичките окупатори на Грција, а подоцна и против силите на реакцијата и монархофашизмот. Мирка Гинова е првата жена стрелана во Грција од политички причини./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.