Падната топола,синоќа, 4,5 часа го прекина сообраќајот на пругата Скопје – Велес
Дрвото го исекол граѓанин на место помеѓу железничките станици Јане Сандански и Драчево околу 18.30 и при туркањето наместо во реката Вардар тоа паднало врз железничката пруга Скопје – Велес. Тополата ја искинала контактната мрежа со напон од 25 илјади киловати и направила штета на пругата. Тоа е причина за 3,5 часовниот целосен прекин на сообраќајот, синоќа, во железничкиот сообраќај во централниот дел на државата.
Од железничката станица во Скопје не можел да тргне патничкиот воз од Скопје кон Битола и околу два часа на железничката станица во Велес стоеле патничките возови од Битола за Скопје и од Гевгелија за Скопје.
Според вработени на ЈП Македонски железници, веднаш штом уредите за сигнализација го јавиле прекин во контактната била испратена екипа . Граѓанинот кој ја исекол тополата бил откриен на лице место. Случката била пријавена во полиција која направила увид. Потоа дежурната екипа за отстранување на дефекти на ЈП „Македонски железници“ го започнала санирањто на дефектот. Околу 23 часот пругата Скопје – Велес била оспособена за сообраќај. Тогаш и возовите почнале е да сообраќаат.
Според првичните информации на Дума.мк се утврдува штетата од оваа случка што не е воопшто мала./У.Ј.