Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

lence1

Во знак на добрососедство, пријателство и сожителство, граѓани од муслиманска вероисповед од Велес и од прилепското село Житошје на првиот ден од големиот муслимански празник Курбан бајрам, за прв пат, донираа 40 курбани за христијански семејства во градот. Донацијата, составена од по неколку килограми свежо месо, ја прими и распредели граѓанската хуманитарна организација „Хаус оф хоуп - Ленче Здравкин“.

Велешанецот Мермет Усеинов кој донесе дел од курбаните рече дека годинава од поголем број на нивни роднини и пријатели, исселеници во странство, пристигнале повеќе средства па затоа на одбележувањето на празникот одлучиле да подарат донација и на христијански семејства.

lence3

- Нашата вера налага да не правме разлика помеѓу граѓани христијани и муслимани. Со оваа донација сакаме на сечија трпезата за време на тридневното одбележување на Курбан Бајрам да има и месо. Ленче Здравкин не ги дели по вероисповед граѓаните на кои им помага. Во знак на нашата соработка ние од срце ја подаруваме оваа донација, рече Усеинов.

lence2

lence5

Втората пратка на курбани во месо ја донесоа Деко и Изет Идризовиќ по потекло од прилепското село Житошје. Деко е исселеник во Швајцарија,неговото семејство е познато по хуманитарни активности кое е заинтересирано за соработка и обезбедување на донации за граѓаните во родната земја.

- За Ленче читаме и следиме се што работи во Женева. Сакаме да помагаме за граѓаните во Македонија. Ќе се обидеме да ја продлабочиме соработката. Разговаравме на кои начин можеме да помагаме, рече Деко Идризовиќ.

lence4

Во име на семејствата од Велес, кои се во социјален ризик, и добија донација во месо Ленче Здравкин им се заблагодари на донаторите и им го честитаа Курбан Бајрам како на донаторите така и на сите граѓани од муслиманска вероисповед.

- Сите овие хумани луѓе бајрамската радост ја споделија со нас. Драги пријатели ширум светот Курбан Бајрам нека ги исполни вашите домови со семејна топлина, љубов и среќа. Честит празник, со вашата добрина и хуманост исполнете ги желбите на скромните сограѓани кои не можат сами да си помогнат, рече Здравкин./У.Ј

 

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново